Сакате да направите домашна пица? Пробајте го нашиот предлог и добијте идеално тесто за пица кое многу пати сме го испробале и исто толку пати сме потврдиле колку е вкусно и убаво за јадење. На сите наши пријатели им се допадна, веруваме и вам ќе ви се допадне!
Пицата е едно од јадењата кои можат да се вбројат во најпосакувани од најголемиот дел од луѓето. Тоа ги вклучува најмногу најмалите, а во желбите за пица, воопшто не остануваат покусо ниту повозрасните граѓани. Додатоците може да ги комбинирате по своја волја и да ги додавате во количина која вие ја посакувате, но доколку не направите правилен избор на тесто за пица, крајниот резултат нема да ги задоволи вашите очекувања. Пробајте го овој рецепт и почестете ги своите блиски и домашните.

Состојки:
- 0,5 кг брашно
- 1 коцка квасец
- 2-3 лажици масло
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 250-300 мл вода.
Подготовка:
- Најпрво измешајте ги состојките за тестото и замете го, при што не е неопходно да се чека квасецот да стаса.
- Откако тестото е убаво, меко и компактно, растегнете го и го ставете го во поголема тава за печење, која треба да е претходно намрсена.
- Откако добро сте го растегнале тестото и сте го поставиле во тавата за печење, можете да почнете со редење на додатоците кои во овој случај ги оставаме на вашиот вкус и избор.
- Така припременото тесто за пица се пече на 200 степени, за време од 20-25 минути.