На пазарите преку текот на целата година се нудат различни овошја и зеленчуци, но сезонските производи се најдобри. Еден од раните зеленчуци се тиквичките, кои имаат мал број на калории, изобилуваат со витамини и минерали, а често пати се препорачуваат при диети, здрава исхрана и исхрана при одредени заболувања.
Нивниот карактеристичен мек вкус нуди разновидни можности за подготовка. Една нова комбинација на топено сирење и тиквички, пронајдовме на блогот Trydiani. Топеното сирење со тиквички може да го послужите како мезе со солени бисквити, крекери или чипс.

Состојки:
- 1 тиквичка со средна големина
- ½ чаша моцарела
- ¼ чаша сирење
- ¼ чаша рендан пармезан или биено сирење
- 1 јајце
- 2 супени лажици млеко/павлака
- млад кромид (белиот дел)
- 1 чешне лук
- 1 мала лажичка скроб (нишесте)
- 1 лажица свежи зачини – копар, нане или други зачини по желба
- сол и пипер по вкус
- пармезан за поросување.
Подготовка:
- Тиквичката излупете ја и изрендајте ја. Ставете ја во сад, посолете и оставате ренданата тиквичка да отстои за време од 20 минути. Потоа тиквичката исцедете ја и ставете ја во длабок сад.
- Моцарелата и сирењето изрендајте ги или ситно издробете ги.
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во садот со тиквичката додајте ги сирењето, моцарелата, јајцето, млекото и скробот. Измешајте и додајте ги исечканиот кромид, лук и зачините.
- Измешајте ја смесата добро, посолете и наросете црн пипер по вкус. Потоа ставете ја во керамички сад за печење. Печете во загреена рерна на 175 минути за време од 20 минути.
- Садот извадете го од рерна и над него посипете со ренданиот пармезан, а наместо пармезан по желба може да користите кашкавал. Садот ставете го повторно во рерна и печете околу 3-5 минути, додека зарумени. На здравје!