Традиционален македонски ајвар

Традиционален македонски ајвар

Сезоната на зимници официјално е отворена! Прв на листата е традиционалниот македонски ајвар на кој ни Џејми Оливер не можеше да остане рамнодушен. Ви останува да си набавите квалитетни црвени пиперки од локален производител и Брилијант масло, и ајварската еуфорија може да започне!

Може да се каже дека вкусниот ајвар е омиленото традиционално јадење, а посебно кога е топол и пресно подготвен. Колку само добро мириса! И во секој случај, топлиот леб, парчето сирење и домашниот ајвар ги прогласуваме за најубаво македонско јадење.

Традиционален македонски ајвар

Состојки:

  • 25 кг црвени пиперки за ајвар
  • 1 -1 ½ литар Брилијант масло
  • сол по вкус
  • лути пиперки по желба.

 Подготовка:

  1. Пиперките измијте ги, отстранете им ги дршките и семките.
  2. Вака приготвени испечете ги, па ставете ги во сад со капак или најлонска ќеса.
  3. Потоа излупете ги и исчистете ги од преостанатите семки. Пиперките ставете ги во сад да се цедат за време од 12 часа. Најдобро е да ги чувате во фрижидер за времетраењето на цедењето.
  4. Исцедените пиперки сомелете ги со помош на машина. Доколку сакате да добиете ајвар со пикантен вкус, измелете ги и непечените лути пиперки.
  5. Во големо тенџере на оган ставете ги мелените пиперки. Повремено мешајте со голема дрвена лажица. Штом забележите пареа, додајте малку Брилијант масло и продолжете со пржењето со континуирано мешање. За време на пржењето додавајте по малку масло и сол по вкус.
  6. Ајварот пржете го за време од 2 до 3 часа, зависно од количината на пиперките, големината на тенџерето и температурата на пржење. Штом при мешањето на ајварот забележувате дека зад лажицата останува трага и можете да го видите дното на тенџерето, значи ајварот е готов.
  7. Готовиот ајвар ставете го во чисти стерилизирани тегли. Полните тегли со ајвар ставете ги во загреана рерна на 100 степени за време од 15 минути или додека забележите дека површината на ајварот е потпечена.
  8. Внимателно извадете ги теглите од рерната и затворете ги со капак. Наредете ги врз кујнски чаршав и завиткајте ги. Оставете ги да се изладат, а потоа ајварот складирајте го со останатата зимница. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Традиционален македонски ајвар

Ви предлагаме да прочитате: Домашна лутенка со кечап – традиционален вкус на полесен начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: