трилече со карамел

Трилече со карамел – омилен млечен десерт по испробан рецепт

Обожаваш трилече со карамел? – Ако најчесто го купуваш од слаткарниците, те предизвикуваме да го испробаш рецептот кој го подготви Марија од нашиот тим. Млечно, сочно и превкусно!

„Трилече приготвувам неколку години, а ме мотивира рецептот на мојата пријателка Невена. Првиот пат кога го направив им се допадна на сите и така овој рецепт се најде на листата на омилени десерти кои треба да се подготвуваат почесто. Овој пат се потрудив да снимам и кратко видео од подготовката кое верувам дека ќе ви користи, а секако доколку имате прашања, слободно пишете ми на Facebook и Instagram каде може да ме следите и да ги разгледате моите рецепти.“ – вели Марија.

трилече со карамел

Состојки:

домашно трилече со карамел

Подготовка:

  1. Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени.
  2. Во сад за матење ставете ги белките. Започнете со матење со миксер и постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете додека добиете цврст шлаг.
  3. Во друг сад изматете ги жолчките додека се згуснат, а потоа додајте ги во садот со белките. Продолжете со матењето уште 1-2 минути.
  4. Брашното и прашокот за печиво просејте ги и додајте ги во садот со изматените јајца. Измешајте со шпатула.
  5. Тавата обложете ја со хартија за печење. Во тавата ставете ја смесата за колачот и израмнете.
  6. Пандишпанот печете го 10 минути на 200 степени, а потоа намалете ја температура на 180 степени и печете уште 25-35 минути. Печениот пандишпан оставете го да се излади околу 15 минути, а потоа превртете го врз кујнска крпа и отстранете ја хартијата.
  7. Млекото, кондензираното млеко и слатката павлака ставете ги во длабок сад и измешајте ги. Половина од течноста ставете во тавата во која се печеше трилечето. Пандишпанот вратете го во тавата така што горната страна на колачот сега треба да биде долу поставена. Врз пандишпанот додајте ја преостанатата течност и оставете го 30 минути. Потоа премачкајте го со карамел и исечете парчиња.
  8. Трилечето декорирајте го со изматена слатка павлака и парчиња чоколадо. Послужете со омиленото кафе и уживајте во светот на вкусовите!
recept za trilece

Препорака од авторот:

Подготовката на трилечето е едноставна, следете ги чекорите или погледнете го краткото видео. Изберете квалитетни состојки и гответе со љубов – тоа е тајната на совршеното трилече. Ќе ми биде чест и задоволство ако го испробате овој рецепт и секако, испратете ми ги фотографиите и пишете ми како ви се допаднало.“ – додава Марија.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Посен овошен десерт во чаша со пудинг.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: