Ви се најавиле гости, а немате многу време за да подготвите нешто вкусно? Ние имаме одличен рецепт кој буди неопишлива желба да го пробате. Рецептот за турско суфле ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Ана, па со задоволство го споделуваме со вас. А што е најважно, овој десерт може да го направи секој, без разлика на кулинарското искуство.
„Го правам многу често. Се прави буквално за 15 минути, без печење, само со намирници кои сигурно ги имате во вашата кујна. Не мора да одите во ресторан за да пробате турско суфле, туку можете да го направите дома и да се послужите себе и семејството секогаш кога ќе посакате. “ – додава Ана.

Состојки:
- 1 јајце
- 100 г шеќер (по желба, може и помалку)
- 100 г масло
- 100 мл млеко
- 1 лажиче екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
- 2 лажици какао
- 1 прашак за печиво
- 8 лажици брашно
- чоколадо по избор.
Подготовка:
- Во подлабок сад ставете ги јајцето и шеќерот и изматете ги со миксер. Матете додека шеќерот не се растопи.
- Потоа, додајте ги и преостанатите состојки. Продолжете со матење додека смесата не се изедначи.
- Од добиената смеса ставајте во шољи за кафе. Поленете ги до половина бидејќи смесата ќе нарасне.
- Во секоја шоља ставете по 2-3 коцки чоколадо. Може да користите млечно или чоколадо за готвење.
- Во поголем сад стевете вода. Количината на вода треба да биде помалку од средината на шољите. Ставете ги шољите внатре и затворете го садот со капак.
- Ставете го садот на оган, на средна температура, да вари околу 8-10 минути.
- Готовото турско суфле послужете го и уживајте во вкусот. На здравје!
Совети од авторот:
- Суфлето не го варете подолго од 10 минути, ако сакате чоколадото да бде течно.
- Пожелно е суфлето да го послужите додека е топло. Во спротивно, чоколадото нема да биде течно.
Автор на рецептот: Ана Крстаноска (ana_kitchen_corner).
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден колач со прелив од рум.