Време за уште една позната оброк – салата со компири и туна! Освен што е многу вкусна и изобилува со зеленчук, оваа салата е многу популарна ширум светот. Потекнува од францускиот град Ница. Традиционално се прави со домати, тврдо варени јајца, „Ничоз“ маслинки и се зачинува со маслиново масло.
Нејзината популарност ја стекнала во почетокот на 20-иот век, кога многу познати готвачи започнале да ја приготвуваат. Делиа Смит има изјавено: „една од најдобрите комбинации за салата која е досега измислена“, а Гордон Ремзи рече дека „таа е најдобрата летна салата“. Доволно причини, да пронајдеме испробан рецепт и да ја приготвиме дома.

Состојки:
- 450 грама црвени компири, исечени на кругови
- сол по вкус
- 2 лажици бело суво вино
- 300 грама зелена боранија
- 4 големи јајца
- ¼ чаша бела винска киселина
- 2 лажици сечкан млад кромид
- 2 лажици сенф
- 1 лажица сечкана мајчина душица
- свежо мелен црн пипер
- ¾ чаша екстра девствено маслиново масло
- 8 чери домати
- 1 марула
- 6 ротквици
- 200 грама туна од конзерва
- ½ чаша маслинки.
Подготовка:
- Компирите ставате ги во тенџере. Додајте ладна вода и посолете. Тенџерето ставете го да се вари на оган, на умерено висока температура. Варете додека компирите омекнат, околу 5 до 10 минути. Исцедете ги и ставете ги во длабок сад. Попрскајте ги со вино и оставете ги да се изладат.
- Во меѓувреме, во тенџере ставете посолена вода да се вари. Во длабок сад ставете вода, неколку коцки мраз и посолете. Боранијата ставете ја во водата која врие и варете ја за време од 2 до 4 минути. Потоа исцедете ја и ставете ја во водата со мраз за да се излади.
- Јајцата ставете ги во тенџере со ладна вода да се варат. Варете ги за време од 10 до 12 минути. Измијте ги со ладна вода и излупете ги. Потоа исечете ги на четвртини.
- Подгответе го преливот за салатата. Во чинија измешајте ја киселината, сечканиот кромид, сенфот, мајчината душица, солта и црниот пипер. Потоа постепено додавајте маслиново масло и мешајте за да се добие хомоген прелив.
- Доматите исечете ги и ставете ги во мал сад. Посолете ги и наросете мелен црн пипер.
- Во садот со компирите додајте ¼ од преливот за салатата. Измешајте.
- Марулата ставете ја во четири чинии. Додајте ги компирите, боранијата, ротквиците, варените јајца, а туната ставете ја во средината. Врз салата ставете од сокот кој го пуштиле доматите, а потоа распоредете ги и доматите. На крај ставете од преливот и додајте ги маслинките. Готвата „Ничоз“ салата со компири и туна послужете ја веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за популарната италијанска салата Панзанела.