чоколадни колачи со кокос

Чоколадирани колачи со кокос

„На кулинарската дружба ѝ нема крај! Инспирацијата за овие превкусни, чоколадирани колачи со кокос ја добив од групата Сѐ за храна, каде мојата пријателка Елена го сподели рецептот. Премногу ми се допаднаа, а како голем љубител на кокос морав да ги направам и пробам. При подготовката направив измени, ја намалив количината на шеќер, а додадов и кокосово масло. И што да ви кажам… ако ги обожавате баунти колачињата со кокос, овој рецепт мора да го направите. Подобри се од купечките!“ – вели Марија од нашиот тим.   

Само 10-тина минути и неколку состојки ве делат од превкусните колачиња. Уживајте во фотографиите и следете ги чекорите за подготовка.

колачи со кокос

Состојки:

За глазура:

Чоколадирани колачи со кокос

Подготовка:

  1. Во мал сад на оган ставете ги слатката павлака, шеќерот, путерот, кокосовото масло и ванилиниот шеќер. Мешајте додека шеќерот и путерот се растопат.
  2. Во длабок сад ставете го кокосот и додајте ја смесата со течната павлака. Убаво измешајте за да се добие хомогена смеса.
  3. Врз кујнска даска ставете најлонска фолија и додајте ја смесата. Ставете уште еден слој фолија и израмнете со сукало. Формирајте правоаголна кора со делбелина 1,5-2 см.
  4. Смесата ставете ја во фрижидер за време од 20-30 минути.
  5. Со нож исечете правоаголни парчиња со големина по желба.
  6. Чоколадото растопете го во сад на пареа или микробранова печка. Додајте 2 лажици Брилијант масло и измешајте.
  7. Колачињата чоколадирајте ги и редете ги врз хартија за печење. Оставете го чоколадото кратко да се излади. Декорирајте ги со линии од растопено чоколадо или кокос. Готовите чоколадирани колачи со кокос послужете ги со топло кафе и уживајте во светот на вкусовите!

Препорака од авторот:

„Веќе размислуваш да ги направиш колачињата? Имаш прашања? – Пиши ми на Facebook или Instagram. Посети ги моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на вкусно јадење или десерт. Може да ме следиш на:

А штом ги направиш колачињата, испрати ми ги фотографиите или означи ме на твојата објава. Со задоволство ќе ги споделам на стори. И најважно од сѐ – приготви ги со љубов и сподели ги со најблиските.“

baunti - kolaci so kokos

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Посни колачи во чаша со кокос и лешници.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: