шеф салата

Рецепт за познатата шеф салата

Една од популарните салати ширум светот која лесно и брзо се припрема е познатата шеф салата. Потекнува од Америка и традиционално се припрема со варени јајца, различни меса, како шунка, мисиркино, пилешко или печено телешко месо, домати, краставици и сирење, сите сервирани врз марула или друг зелен лиснат зеленчук. А се сервира со различен прелив за салата по ваш избор.

Шеф салатата може да ја послужете како оброк или во комбинацијата со ручекот или вечерата. Наведените состојки се доволни за две порции салата, која брзо и лесно се припрема, а рецептот може да го погледнете на следното видео.

Состојки:

  • 1 марула
  • 4 парчиња шунка или месо по ваш избор
  • ¼ чаша рендан кашкавал или чедар сирење
  • 2 домати
  • 2 тврдо варени јајца
  • кубети или коцки двопек по желба
  • прелив за салата по ваш избор.

Подготовка:

  1. Листовите марула измијте ги, наредете ги еден врз друг и со нож исечете ги на ленти со ширина од 1 см. Потоа, исечете ги по должина.
  2. Парчињата шунка поставете ги едно врз друго и исечете ги на тенки ленти.
  3. Доматите пресечете ги на четвртини.
  4. Варените јајца оставете ги да се изладат, а потоа пресечете ги на половина.
  5. Во длабока чинија за салата ставете ја исечканата марула, а потоа од двете крајни страни додајте ја исечканата шунка. На средината ставете од ренданиот кашкавал. Странично поставете ги варените јајца, доматите и додајте кубети по желба. На крај, готовата шеф салата послужете ја со вашиот омилен прелив. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Салата со домати, марула и сланина.

Сподели: