ќофтиња од јајца

Ќофтиња од варени јајца и кашкавал

Кога сме кај креативни и иновативни рецепти, Диана секогаш има да понуди нешто ново и интересно. Овој пат, го споделуваме нејзиниот рецепт за ќофтиња од варени јајца и кашкавал.

Рецептот потекнува од полската кујна, но колкава е популарноста не знаеме. Нам ни се допадна нивниот изглед, а гледајќи по состојките кои се користат, сигурно ќофтињата ќе имаат одличен вкус. Ајде да ги пробаме!

ќофтиња од варени јајца

Состојки:

  • 5 тврдо варени јајца
  • 1 јајце
  • 2 лажици рендан кашкавал
  • 1 лажица пармезан
  • 2 до 3 лажици лебни трошки
  • 1 лажица сечкан млад кромид
  • 1 лажица магдонос
  • 1 мала лажичка копар
  • ½ мала лажичка сол
  • лук во прав и мелен црн пипер по вкус
  • 1 белка
  • 1 ½ чаша лебни трошки.

Подготовка:

  1. Тврдо варените, изладени и излупени јајца се рендаат на крупната страна на рендето.
  2. Се ставаат во длабок сад и се додаваат јајцето, ренданиот кашкавал, пармезанот, кромидот, магдоносот, копарот, 2 до 3 лажици лебни трошки, сол, лук во прав и мелен црн пипер по вкус. Се мешаат убаво за да се добие хомогена смеса. Од смесата се формираат топчиња или ќофтиња.
  3. Белката се мати со виљушка и се посолува. Секое топче се става во изматената белка, а потоа во лебните трошки.
  4. Вака приготвените ќофтиња од јајца се пржат во нелеплива тава со поголема количина на загреано масло, на умерена температура. Штом добијат златно жолта боја се вадат на кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
  5. Пржените ќофтиња од варени јајца може да ги послужите со свежа салата, или да формирате вкусни ражничи со моцарела топчиња и чери домати.

Ви предлагаме да прочитате: Вегетаријански ќофтиња од ориз и спанаќ.

Сподели: