џем од црни сливи

Џем од црни сливи во рерна

Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашите домови е џем од црни сливи. Овој џем највкусен е на парче леб или може да го користите како фил за колачи. За негова подготовка најдобро е да се користат зрели, меки, црни сливи.

Покрај џем, можете да направите компот од црни сливи, мармалад, сок и слично. И на било кој начин да се подготват црните сливи, нивниот вкус секогаш е неверојатно неодолив и посебен.

џем од црни сливи

Состојки:

  • 3 кг црни сливи
  • 1 кг шеќер
  • 150 мл рум
  • ванилин шеќер и цимет по желба

Подготовка:

  1. Сливите добро измијте ги и ставете ги врз кујнска крпа да се исушат.
  2. Потоа прсечете ги на половина и отстранете им ги семките.
  3. Рерната загрејте ја на 200 степени.
  4. Сливите измешајте ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа ставете ги во длабока тава со капак, но бидете внимателни тавата да не биде пренатрупана со сливите бидејќи џемот ќе врие и може да ви ја испрска рерната.
  5. Тавата поклопете ја со капакот и ставете ја на средина во рерната. Првите 30 минути тавата чувајте ја поклопена, а потоа измешајте ги сливите. Капакот отстранете го и оставете го џемот да се пече од 2 до 2,5 часа, со повремено мешање.
  6. Кога џемот ќе се згусне додајте ги румот и циметот, и печете уште 10 минути.
  7. Готовиот џем од црни сливи извадете го од рерна и ставете го во топли стерилизирани тегли (чувани во топла рерна 15-тина минути на 50 степени). Теглите затворете ги со метални капачиња, па стерилизирајте ги во рерна на 50-100 степени најмалку 15 минути. Исклучете ја рерната и оставете ги теглите неколку часа за да се изладат.

Сподели: