Брз чоколаден колач со мармалад 1

Брз чоколаден колач со мармалад

Утрата може да ви бидат послатки, а кафето уште поубаво! Овој брз чоколаден колач со мармалад е уште едно лесно „откритие“ кое е испробано во нашата кујна и од срце ви препорачуваме да го пробате! Одличен е како појадок со чаша млеко, како десерт во придружба на црно кафе, како ужинка за најмалите, па и за носење со себе ако сакате. Ќе уживате во светот на вкусовите во секое залче, гарантираме!

Може да ве интересира: Колач од детството „Брзи гонзалес“ со кокос.

Брз чоколаден колач со мармалад 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Прво во еден сад добро измешајте ги сувите состојки (брашното, печивото, какаото, густинот).
  2. Тавата за печење (бр.28) обложете ја со хартија за печење.
  3. Во поголем сад за матење додајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете ги убаво додека се познаваат траги од маталките и смесата стане густа.
  4. При крајот и не престанувајќи со матењето, додајте го маслото.
  5. Исклучете го миксерот и додајте го мармаладот.
  6. Додајте ги и претходно измешаните суви состојки и измешајте ја смесата со помош на жица за матење. Смесата ставете ја во претходно припремената тава.
  7. Рерната загрејте ја на 200 степени, а штом ја ставите смесата за колачот да се печи, намалете ја на 180 степени. Печете околу 30 минути, а за најсигурно проверете со дрвена чепкалка дали ќе ви остане од смесата на неа. Вашиот брз чоколаден колач со мармалад е готов. Оставете го кратко да се излади и припремете се за дегустација. На здравје и уживајте во светот на вкусовите!
Брз чоколаден колач со мармалад 3

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден крем колач со лешници и ореви без матење.

*Спонзориран рецепт.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: