Домашен и природен сок од калинка

Претходно пишувавме за лековитите својства на сокот од калинка. Тоа ни беше доволна мотивација да пронајдеме добри и испробани рецепти и истите да ги споделиме со сите. Сега ќе може да си направите природен сок од калинка кој е моќен антиоксиданс.

Сокот од калинка може да го направите многу едноставно, со цедење на зрната на калинката. Но, истиот е многу подобар кога ќе се додаде лимон.

природен сок од калинка

Состојки:

  • 1 чаша свежи семки од калинка
  • 2 лажици свежо цеден сок од лимон
  • 1 ½ лажичка кафеав шеќер или мед по желба
  • 1 ½ чаша вода
  • 4 коцки мраз.

Подготовка:

  1. Прво извадете ги семките од калинката. За да го направите тоа брзо и едноставно, прочитајте како може за 10 секунди лесно да исчистeте калинка.
  2. Семките од калинката ставате ги во блендер и додајте ½ чаша вода. Блендирајте околу 5 до 10 секунди.
  3. Земете поголема сад и процедете го сокот низ цедалка. Добро притиснете со лажица за да исцедите што повеќе сок.
  4. Во садот додајте вода, шеќер или мед по желба и свежо цедениот сок од лимон. Измешајте за да се растопи шеќерот. Во две чаши ставете по 2 коцки мраз и турете го сокот.

Совет плус: Доколку сакате може и да не го цедите сокот. Овој сок може да го пиете за појдок или по тренинг, затоа што содржи многу хранливи состојки и му дава енергија на телото во текот на денот.

Ви предлагаме да прочитате: Калинка – спасител на срцето и чувар на косата.

Сподели: