Домашен путер од кокос - намаз 1

Домашен путер од кокос – намаз

Ви гарантираме дека вкусот на вака подготвениот домашен путер од кокос нема да го заборавите никогаш. И што е најважно, може многу лесно да си го направите сами дома.

Сигурно, добро ви е познато колку е кокосот лековит и корисен за здравјето. Тој во традиционалната медицина се употребува за третман на голем број на здравствени проблеми како што се: астма, ќелавост, бронхитис, изгореници, модринки, настинки, кашлица, запек, гингивит, неправилна или болна менструација, жолтица, камења во бубрезите, инфекции на кожата, тумори и друго. Сега, благодарение на овој рецепт може многу лесно и едноставно да си направите хранлив и ароматичен путер од кокос кој ќе ги воодушеви сите со својата посебна арома. Одличен е за збогатување на вкусот на торти и колачи, а може да го користите и како здрав намаз. Во комбинација со интегрално лепче ќе добиете совршено хранлив оброк за оптимален почеток на денот.

Домашен путер од кокос - намаз 2

Состојки:

  • 500 г кокосови снегулки (тостирани)

Подготовка:

  1. Доколку не можете да најдете тостиран кокос, многу лесно може сами да си направите. Кокосот ставете го во плех за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и печете го многу кратко време на ниска температура, колку малку да зарумени.
  2. Вака припремениот кокос ставете го во блендер или процесор за храна и блендирајте го околу 30 секунди, додека целосно се измели во ситни честички.
  3. Потоа, со помош на силиконска шпатула отстранете го залепениот кокос од страните на блендерот и повторно приклучете го да работи.
  4. Повторувајте ја постапката додека кокосот се претвори во течен путер. Постапката е слична како и подготовката на путер од јаткасти плодови.
  5. Во оној момент кога путерот од кокос ќе ја добие посакуваната конзистенција, турете го во чиста тегла со капак и чувајте го во фрижидер. Од 500 гр кокос, ќе добиете околу 2 чаши путер.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 факти кои ќе ве потсетат на здравствените придобивки од кокосот.

Сподели: