Колач срнечки грб

Од кујната на Лана ни доаѓа еден фин колач кој совршено одговара со чаша топол чај или кафе во овие есенски денови. Станува збор за вкусниот колач срнечки грб кој плени со својот вкус, мекост и пријатна арома на чоколадо и јаткасти плодови.

Доколку сакате овој рецепт може и дополнително да го збогатите така што колачот ќе го пресечите на половина или на два дела и ќе го премачкате со некој ароматичен мармалад или чоколаден крем. Но и вака е доволно богат и раскошен. Чоколадната глазура и бадемите кои служат како декорација му даваат крцкавост и дополнително му даваат примамлив изглед.

колач срнечки грб

Состојки:

  • 3 јајца
  • 75 грама шеќер
  • 100 г путер
  • 100 г чоколадо
  • 75 мл млеко
  • 50 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 100 г мелени ореви (бадеми или лешници).

За глазура:

  • 100 г чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 50 г бадеми за декорација.

Подготовка:

  1. Одделете ги белките од жолчките, па изматете ги во цврста пена. Додајте шеќер и додавајте ги жолчките една по една со постојано матење.
  2. Во сад на пареа растопете ги чоколадото и путерот и додајте ги во смесата со јајца.
  3. Додајте и 1 чаша млеко, брашно, прашок за печиво, мелени ореви, бадеми или лешници и се добро промешајте.
  4. Калапот за печење премачкајте го со растопен путер и поросете го со малку брашно.
  5. Смесата за колач турете ја во калапот и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 – 40 минути.
  6. Колачот е испечен тогаш кога се одвојува од краевите на калапот.
  7. Откако ќе се испечи внимателно превртете го на рамна чинија.
  8. Во меѓувреме подгответе ја глазурата. На пареа растопете малку чоколадо и масло.
  9. Кога колачот ќе се подизлади прелијте го со чоколадна глазура и украсете го со парчиња сечкан бадем. Уживајте во богатата чоколадна арома на популарниот срнечки грб!

Ви препорачуваме да прочитате: Колач со портокал.

Сподели: