Печена посна тава од компири со фил од праз 1

Печена посна тава од компири со фил од праз

За да се најде вкусен и посен рецепт некогаш може да биде предизвик. Но, со вака одлични соработници, често гледаме дека тоа може да е лесна задача. Ви предлагаме да ја пробате превкусната печена тава од компири и праз. Ем вкусно, ем многу симпатично!  

Овој интересен рецепт го најдовме на блогот vesnarohrrecepti, каде авторката на овој рецепт, а воедно и наша драга пријателка Весна, ги објавува своите кулинарски креации. Таа ни кажа дека комбинацијата е многу вкусна и здрава, и претставува старо македонско јадење, а ова е една убава малку поукрасена верзија.

Печена посна тава од компири со фил од праз 2

Состојки:

  • неколку компири
  • неколку страка праз
  • суви црвени пиперки по потреба
  • една пиперка за декорација
  • маслиново масло по потреба
  • сол, црн пипер, буковска пипер и црвена пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги и ситно исечкајте ги празот и пиперките, а потоа испржете ги со малку масло.
  2. Тавата во која ќе печете треба да биде намрсена. Прво ставете го филот од праз во неа, а одозгора наредете ги компирите исечени на кришки.
  3. Додадете малку вода и зачини, па покријте со капак и оставете така да се пече, а при крај тргнете го капакот за компирите да добијат убава румена боја. На здравје!

Рецептот го испратил: Весна Рохр.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни полнети пиперки со ориз и соја трошки.

Сподели: