Пита од тиквички

Сега е сезоната на тиквичките. Искористете ги и направете лесен и интересен рецепт. Потребни ви се неколку лесно достапни состојки, а подготовката е едноставна и неверојатно брза! Оваа пита од тиквички е одлична за појадок, вечера или мезе.

Размислувате како да ги воведете тиквичките во исхраната на вашите деца? Знаете дека се здрав зеленчук, но ретко ги користите? – Оваа пита сигурно ќе ве воодушеви и ќе ве мотивира почесто да ги употребувате тиквичките во исхраната. Подгответе го овој рецепт и докажаете се пред вашето семејство и пријатели дека сте вистински мајстор во кујната.

пита од тиквички

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 1 мала главица кромид или млад кромид по избор
  • 1 чаша брашно (по желба може да користите интегрално или мешавина)
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • ½ чаша масло
  • 4 јајца
  • ¼ – ½ чаша пармезан
  • ½ до 1 чаша Чедар сирење или кашкавал по избор
  • сол и црн пипер по вкус.
  • чери домати по желба.

Подготовка:

  1. Тиквичките излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Кромидот исечкајте го на ситни парчиња.
  2. Сирењето изрендајте го и оставете го во посебен сад.
  3. Во подлабок сад со виљушка убаво изматете ги јајцата. Додајте ги брашното, маслото и прашокот за печиво. Убаво измешајте.
  4. Потоа, додајте ги пармезанот, чедар сирење и кромидот. Посолете по вкус, додајте црн пипер и повторно убаво измешајте, за да се соединат состојките.
  5. Подготвената смеса ставете ја во тава за печење, претходно премачкана со малку масло. Од горе додајте ги сечканите чери домати.
  6. Печете ја питата во загреана рерна на 180 степени за време од 40-45 минути.
  7. Кога питата ќе добие убава златно-кафеава боја, извадете ја од рерната и оставете ја да се излади.
  8. Питата од тиквички исечете ја на парчиња и декорирајте ја со чери домати, рендан кашкавал и листови босилек по желба. Уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: