Посен хумус од грав и авокадо

Посен хумус од грав и авокадо

Обожавате ли домашни намази и хумус? Ако вашиот одговор е да, тогаш пробајте го рецептот за посниот хумус од грав и авокадо.

Интересна комбинација на состојки, која веруваме дека ќе ви се допадне. Предлогот ни доаѓа од Диана, која рецептот за овој хумус од грав и авокадо го објави на нејзиниот блог Trydiani. Рецептот е посен, без глутен, вегански и многу здрав!

Посен хумус од грав и авокадо

Може да ве интересира: Едноставен посен намаз од печурки и грав.

Состојки:

  • 2 чаши бел грав, варен и цеден
  • 1 големо авокадо или две помали
  • 1-2 чешниња лук
  • 2 лажици ситно сечкан свеж магдонос, нане или оригано
  • 2 лажици таан или повеќе по вкус
  • 3 лажици масло
  • сок од ½ до 1 лимон по вкус
  • ¼ мала лажичка кимион или мелен ким
  • лут црвен пипер по желба
  • неколку капки табаско сос по желба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Авокадото се сече на помали парчиња.
  2. Во кујнски робот или блендер се ставаат сокот од лимон, маслото и се додаваат останатите состојки. Се миксираат додека се постигне хомогена смеса.
  3. Во хумусот се додаваа сол, црн пипер, масло и лут пипер по желба. Готовиот хумус се служи со парчиња лимон и свежо оригано. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Оригинален либански рецепт за хумус.

Сподели: