романска пита со јаболка

Романска пита со јаболка и цимет

Имаме уште еден нов и супер рецепт за пита со јаболка и цимет. Овој пат рецептот потекнува од Романија, а ни го приготви Диана.

Инспирирана од нејзината прошетка во Романија, таа имаше можност да ја дегустира питата во локалните ресторани. А бидејќи им се допаднала многу, Диана го побара рецептот и ја приготви питата во својот дом.

романска пита со јаболка

Состојки:

  • 1 јајце
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици млеко
  • 70 грама путер
  • ½ ќесичика прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 300 грама брашно.

За фил:

  • 1 кг јаболка
  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • 2-3 лажици шеќер во вкус
  • 30 грама путер
  • 1 лажица лебни трошки
  • ½ мала лажичка цимет во прав.

Подготовка:

  1. Јаболката се лупат, чистат и рендаат на средна големина. Ренданите јаболка и сокот од лимон се ставаат во сад за готвење на средно висока температура. Се мешаат додека течноста им испари.
  2. Во садот со јаболката се додаваат путерот и шеќерот. Филот се меша и уште кратко се остава садот на оган додека шеќерот се растопи и испари преостаната течност.
  3. Садот се трга од огнот и во филот се додава цимет. Смесата се меша, се додаваат лебни трошки и се остава филот да се излади.
  4. Во сад за матење се ставаат јајцето и шеќерот. Јајцето се мати со миксер додека шеќерот се растопи. Во садот се додава растопениот путер и млекото, и се продолжува со матење.
  5. Во длабок сад се ставаат брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.
  6. Во садот со јајцето постепено се додава од брашното. Се замесува меко тесто, а по потреба се додава брашно. Од тестото се формира топка и се витка со најлонска фолија. Вака приготвеното тесто се става во ладилник за време од 30 минути.
  7. Рерната се загрева на 175 степени. Во кружна тава (бр.24) или друг сад се става хартија за печење. Тестото се дели на два дела.
  8. Првиот дел се сучи во танка кружна кора, малку поголема од садот (1,5 см). Кората се става во садот и се прободува со виљушка на неколку места. Потоа се додава филот од јаболка. Над филот се става втората кора од тестото и дијагонално се боцка со виљушка. Од преостанатото тесто може да се направат форми за декорација.
  9. Питата се става во загреаната рерна и се пече за време од 35 до 40 минути, додека добие златеста боја. Питата се вади од рерната и се боцка со чепкалка дали тестото е добро испечено. Потоа се остава кратко да се излади. На крај се поросува со шеќер во прав и се служи. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Мрзлива пита со јаболка -„лења пита“.

Сподели: