Француска „Ничоз“ салата со компири и туна

Време за уште една позната оброк – салата со компири и туна! Освен што е многу вкусна и изобилува со зеленчук, оваа салата е многу популарна ширум светот. Потекнува од францускиот град Ница. Традиционално се прави со домати, тврдо варени јајца, „Ничоз“ маслинки и се зачинува со маслиново масло.

Нејзината популарност ја стекнала во почетокот на 20-иот век, кога многу познати готвачи започнале да ја приготвуваат. Делиа Смит има изјавено: „една од најдобрите комбинации за салата која е досега измислена“, а Гордон Ремзи рече дека „таа е најдобрата летна салата“. Доволно причини, да пронајдеме испробан рецепт и да ја приготвиме дома.

салата со компири и туна

Состојки:

  • 450 грама црвени компири, исечени на кругови
  • сол по вкус
  • 2 лажици бело суво вино
  • 300 грама зелена боранија
  • 4 големи јајца
  • ¼ чаша бела винска киселина
  • 2 лажици сечкан млад кромид
  • 2 лажици сенф
  • 1 лажица сечкана мајчина душица
  • свежо мелен црн пипер
  • ¾ чаша екстра девствено маслиново масло
  • 8 чери домати
  • 1 марула
  • 6 ротквици
  • 200 грама туна од конзерва
  • ½ чаша маслинки.

Подготовка:

  1. Компирите ставате ги во тенџере. Додајте ладна вода и посолете. Тенџерето ставете го да се вари на оган, на умерено висока температура. Варете додека компирите омекнат, околу 5 до 10 минути. Исцедете ги и ставете ги во длабок сад. Попрскајте ги со вино и оставете ги да се изладат.
  2. Во меѓувреме, во тенџере ставете посолена вода да се вари. Во длабок сад ставете вода, неколку коцки мраз и посолете. Боранијата ставете ја во водата која врие и варете ја за време од 2 до 4 минути. Потоа исцедете ја и ставете ја во водата со мраз за да се излади.
  3. Јајцата ставете ги во тенџере со ладна вода да се варат. Варете ги за време од 10 до 12 минути. Измијте ги со ладна вода и излупете ги. Потоа исечете ги на четвртини.
  4. Подгответе го преливот за салатата. Во чинија измешајте ја киселината, сечканиот кромид, сенфот, мајчината душица, солта и црниот пипер. Потоа постепено додавајте маслиново масло и мешајте за да се добие хомоген прелив.
  5. Доматите исечете ги и ставете ги во мал сад. Посолете ги и наросете мелен црн пипер.
  6. Во садот со компирите додајте ¼ од преливот за салатата. Измешајте.
  7. Марулата ставете ја во четири чинии. Додајте ги компирите, боранијата, ротквиците, варените јајца, а туната ставете ја во средината. Врз салата ставете од сокот кој го пуштиле доматите, а потоа распоредете ги и доматите. На крај ставете од преливот и додајте ги маслинките. Готвата „Ничоз“ салата со компири и туна послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за популарната италијанска салата Панзанела.

Сподели: