Ако имате повеќе варени јајца, а не знаете како да ги искористите, еве супер и вкусни идеи. Ви предлагаме да ги пробате трите рецепти за главни јадења со варени јајца кои ги избравме како предлог за неделното мени деновиве.
Може да ве интересира: Велигденска свежа салата.

Ролнички од месо и варени јајца
Одлични се за празничен ручек или како додаток за динстан зеленчук, мезе и слично. Еве кои состојки ви се потребни:
- 600 гр телешки шницли
- 4 варени јајца
- малку сенф
- 50 мл бело вино
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовката прочитајте ја на овој линк. Уживајте во вкусот и на здравје!
Ролат од мелено месо и варени јајца
Во случај да ви останале варени јајца од велиденските празници, еве рецепт кој ќе ви биде добредојден. Станува збор за вкусен ролат од мелено месо и варени јајца, кој изгледа преубаво. Потребни ви се следните состојки:
- 600 грама мелено месо
- 1 поголема главица кромид
- 2 парчиња бајат леб
- малку млеко
- 1 лажица мешан зачин
- ½ мала лажичка сол
- црн пипер по вкус
- ситно сечкан магдонос
- 1 свежо јајце
- 6 до 7 варени јајца.
А подготовката прочитајте ја на овој линк. На здравје!
Ќофтиња од варени јајца и кашкавал
Рецептот потекнува од полската кујна. Нам ни се допадна нивниот изглед, а гледајќи по состојките кои се користат, сигурно ќофтињата ќе имаат одличен вкус. Еве кои состојки ви се потребни:
- 5 тврдо варени јајца
- 1 јајце
- 2 лажици рендан кашкавал
- 1 лажица пармезан
- 2 до 3 лажици лебни трошки
- 1 лажица сечкан млад кромид
- 1 лажица магдонос
- 1 мала лажичка копар
- ½ мала лажичка сол
- лук во прав и мелен црн пипер по вкус
- 1 белка
- 1 ½ чаша лебни трошки.
Подготовката погледнете ја на овој линк. Вреди да ги пробаме!
Ви препорачуваме да прочитате: 7 лесни рецепти за салати со варени јајца.