здрави зеленчуци

6 лесно достапни и здрави зеленчуци чија моќ ја потценуваме

Некои врсти на зеленчук кои порано беа реткост за нашиов регион, сега се многу актуелни и се повеќе ја заменуваат традиционалната храна. Нема дилема дека брокулата, карфиолот, кељот, прокељот или слаткиот компир се здрава храна. Меѓутоа, изненадувачки е фактот, колку нашите лесно достапни и здрави зеленчуци често се забораваат, а ги има на пазарите по навистина ниски цени.

Можеби ни треба мало потсетување да видиме колку е хранлив овој зеленчук и повторно да го ставиме на пиедесталот во нашата исхрана. Ова секако не значи дека треба да ги избегнуваме другите зеленчуци, туку напротив, треба да консумираме што е можно повеќе врсти како би се хранеле поразновидно и поизбалансирано.

лесно достапни зеленчуци

Зелка

Ниската цена на пазарите може да ве залажи, па да ја потцените нејзината лековита моќ. Зелката содржи изобилство на растителни влакна и витамин Ц, а има мал број на калории. Ако имате проблеми со метаболизмот, вклучете ја зелката во вашата исхрана. Еве зошто, нутриционистите ја препорачуваат зелката како драгоцена намирница за побрз метаболизам. Покрај тоа, зелката содржи и антиканцерогени состојки. И закиселената зелка е исклучително здрава и таа претставува најголем извор на пробиотици. Прочитајте на кој начин киселата зелка штити од рак и ги помага варењето и имунитетот. 

Морков

Неговата портокалова боја укажува на изобилството каротеноиди, состојки кои се поврзани со намалување на ризикот од рак и очни заболувања. Еден морков со средна големина содржи 25% од препорачаните дневни дози на витамин А, 1,5 грама растителни влакна и само 25 калории. Благодарение на тоа, морковот е супер храна која го помага слабеењето. Иако може да се консумираат сирови, некои истражувања го истакнуваат фактот дека тие се многу похранливи ако претходно термички се обработат со малку маслиново масло.

Магдонос

Магдоносот е навистина потценет. Тој обично се додава во мали количини како зачин за супа, но и тоа малку најчесто кога се јаде се отстранува, бидејќи на многу лица не им се допаѓа неговиот силен вкус. Меѓутоа, магдоносот е многу богат со витамини и минерали вклучувајќи ја и фолната киселина, за која некои истражувања потврдиле дека го намалува ризикот од срцеви заболувања, покрај тоа што е многу важен суплемент за здрава бременост. Прочитајте кои се најдобрите 4 начини да го извлечете најдоброто од магдоносот и да го подобрите вкусот и изгледот на јадењата.

Лук

Тој е многу помалку употребуван за разлика од кромидот. Лукот е богат со кварцетин, супстанца која помага во намалување на високиот крвен притисок, за ублажување на проблемите со дишењето и против алергии. Покрај тоа содржи и големи количини на витамин Ц.

Може да ве интересира: Лук наместо аспирин за силен имунитет во зима.

Компир

Овој зеленчук е навистина потценет во поглед на неговата хранлива вредност. Кога компирите се печени или варени тие се навистина здрави за консумација. Еден компир со средна големина содржи повеќе калиум дури и од банана. Покрај тоа содржи и витамини Ц и Б6, а при тоа има само 100 калории. Компирите единствено не се здрави кога се пржат во нездрави масти, како што се транс мастите или рафинираните растителни масла. Затоа, практикувајте да ги приготвувате печени или варени. Еве едноставен рецепт за зачинети печени компири.

Ротквица

Ротквицата изобилува со витамин Ц и со растителни влакна. Исто така, содржи фитостеролин, материја која помага во разлагањето на мастите, па така помага во регулацијата на покачениот холестерол. Тие се одличен додаток на било која салата. Покрај тоа, ротквици се сметаат моќни природни антиоксиданси.

Ви предлагаме да прочитате: Зошто е добро да се јаде зеленчукот со портоклава боја.

Сподели: