Ве водиме на ново гурманско патување! Споделуваме предобар рецепт за ќофтиња со кашкавал во бел сос. Ги пробавме на гости, па го побаравме рецептот. А тоа што е добро, мора да се сподели со пријателите.
Рецепт кој ќе ве освои на прв залак, задолжително мора да го направите. За да добиеш максимално добар вкус, набави квалитетно и свежо месо од Агриа. Посети ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес, или побарај го месото од Агриа во Тинекс и Рамстор маркетите. Квалитетни состојки и супер рецепт се гаранција за гурмански специјалитет.

Состојки:
- 1 кг мелено месо од Агриа
- 1 мала лажичка свеж или сув магдонос
- ½ мала лажичка мелен црн пипер
- 1 лажица мешан зачин
- ½ мала главица кромид
- 1 јајце
- 200 г кашкавал
- Масло за пржење по потреба.
За сос:
- 2 лажици брашно
- 1 л ладна вода
- 10 зрна црн пипер
- 1 лажица мешан зачин
- 100 мл бело вино
- ½ лимон
- 2-3 ловорови листа.
Подготовка:
- Месото се зачинува со магдоносот, мелениот црн пипер и мешаниот зачин. Се меша и за најдобар вкус се остава преку ноќ во фрижидер.
- Ако си во брзање, веднаш припреми го рецептот. Кромидот изрендај го на крупната страна од рендето и додај го во меленото месо.
Кашкавалот исечкај го на мали коцки и додај го во месото. На крај додај го јајцето и измешај ја смесата. Со намрсени раце формирај мали ќофтиња. - Во поголема тава стави 3-4 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло стави ги ќофтињата и пропржи ги од сите страни додека поруменат. Важно е да не се испржат целосно. Пржените ќофтиња извади ги од тавата.
- Во тавата додај 2 лажици брашно и пропржи го. Во тавата постепено додавај ја водата и мешај со жица за матење. Зачини со црн пипер и мешан зачин. Штом сосот зоврие, додај ги ќофтињата и намали ја температурата на тивко. Вари ги ќофтињата околу 20 минути. На крајот додај ги виното, ловоровиот лист и лимонот сечкан на ленти. Продолжи со варењето околу 10 минути. Тавата, тргни ја од огнот и извади ги парчињата лимон. Остави ги ќофтињата да се изладат околу 10-тина минути, а потоа послужи ги. На здравје!

Може да те интересира: 12 совети за подготовка на ќофтиња од мелено месо.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
