Посна мексиканска салата

Посна мексиканска салата – од кујната на Марија Кочовска 

Чинијата нека изобилува со различни бои и хранливи состојки. Истражувајќи ја светската кујна го пронајдов рецептот за посна мексиканска салата. Направив моја комбинација со состојки кои се достапни кај нас, која верувам дека ќе ви се допадне!  

Хранливо и здраво, нека биде твој избор за ручек или вечера. Она што и дава „шмек“ на оваа салата е преливот со зачини. Дополнуваат ароматична нота и ве водат кон ново кулинарско искуство.  Наведените состојки се за 4 до 6 порции од салатата, па можеш да ги прилагодиш намалиш или зголемиш по потреба. 

Посна мексиканска салата со автор

Состојки:

  • 1 марула
  • 1 мала конзерва црн грав
  • 1 до 1,5 чаша варена пченка
  • 2 чаши шери домати или 1 поголем домат
  • 1 чаша пиперки
  • 1 авокадо
  • ¼ чаша магдонос
  • 100 – 150 г посен кашкавал (Vegan Natura) од Млекара Тетово по желба.  

За сос со зачини:

  • ¼ чаша лимон или лимета
  • ¼ до ½ чаша маслиново масло
  • 1 мала лажичка мелен ким
  • ½ мала лажичка чили во прав
  • ½ мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка мелен црн пипер. 
Состојки за посна мексиканска салата

Подготовка:

  1. Гравот и пченката исцедете ги. Шери доматите исечкајте ги на половина. Авокадото исечете го на ленти. Пиперката и кашкавалот исечкајте ги на коцки. Магдоносот ситно исечкајте го.
  2. Во длабока чинија ставете ја марулата. Додајте ги зеленчуците и кашкавалот. 
  3. Пригответе го сосот. Во мал длабок сад ставете ги маслиновото масло, сокот од лиметата, мелениот ким, чилито, сол и мелен црн пипер. Измешајте ги.  Со подготвениот сос прелијте ја салатата. На здравје!

Совети плус:

  • По желба во салатата може да додадеш и црвен кромид. 
  • Најчесто во мексиканската кујна се користи целер, но бидејќи кај нас е помалку застапен, го заменив со магдонос. 
  • Во сосот од салата може да додадеш и ½ мала лажичка чадена црвена пиперка (зачин).
Посна мексиканска салата со производ

Препораки:

Рецептот е наменет за пост на масло. Ако постиш на вода, не додавај посен кашкавал и не ја зачинувај салатата со сосот.

Ти се допадна рецептот за посната салата? Ти требаат уште идеи за посни рецепти? Посети ги моите профили и заследи ме:

Разгледај повеќе посни рецепти:

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: