Ти треба идеја за вкусен ручек? Направи компир манџа со чадено месо. Манџите ги правам без традиционалната запршка со многу масло и брашно, а се превкусни!
Комбинацијата на компири со чадено месо ми е една од омилените, а ретко кој може да каже „не“, на толку добар ручек. Заедно со Агриа, во наредниот период ќе ги споделиме највкусните традиционални рецепти од македонската кујна.

Состојки:
- 1 кг компири
- 400 г чадени ребра од Агриа или чадено месо по избор
- 1 мала главица кромид
- 1 пиперка
- 2 моркови
- 1 лажица масло
- 1 л вода
- 1 лажица мелен црвен пипер
- 1 лажица мешан сув зачин
- ¼ мала лажичка мелен црн пипер
- Сол – по вкус
- Сечкан свеж магдонос.
Подготовка:
- Компирите излупете ги и исечете ги на коцки. Месото исечете го на парчиња.
- Кромидот и морковите исечкајте ги на ситни коцки.
- Во тенџере ставете го маслото да се загрее. Додајте го кромидот и запржете го додека малку порумени. Додајте ги морковите и пиперката и кратко пропржете. Потоа додајте го чаденото месо. Кратко пропржете ги состојките. Додајте ги компирите и зачините – мелен црвен пипер, мешан сув зачин, сол и мелен црн пипер. Пропржете и додајте ја водата.
- Манџата варете ја на тивок оган, покриена со капак околу 35 минути додека омекнат компирите.
- На крај, тенџерето тргнете го од огнот и додајте свеж магдонос. Оставете манџата да отстои 5 минути, а потоа послужете ја. Подготовката погледни ја на видеото.
Дали знаеш дека?
Освен што може да набавиш свежо свинско месо, ексклузивно во месарниците на Агриа (Велес, Битола и Штип) се достапни различни типови на чадено месо? Може да избереш чадени ребра, бут, кременадли, како и колбаси од нивно домашно производство.

Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- TikТok – @marija.kochovska.
Ви препорачуваме да прочитате: Свински гулаш со пиво.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
