Време е за брзи и летни рецепти! Го споделувам мојот омилен рецепт за кремаста палента со сирење. Толку е вкусна, а толку кремаста!
Доволни ти се 10 минути за подготовка. Ќе им се допадне на сите, а идеална е и за појадок, како додаток на ручекот или вечерата. Едноставно – совршена!

Состојки:
- 4 чаши вода
- 1 чаша палента од Жито Лукс
- 1 мала лажичка сол
- 1 лажицa путер
- 100 г бело сирење
- 1 лажица пармезан или кашкавал по желба.

Подготовка:
- Во тенџере на оган, на висока температура, ставете 4 чаши вода да зоврие. Додајте ја солта и измешајте.
- Штом водата ќе зоврие, постепено додавајте ја палентата, постојано мешајќи со жица за матење.
- Намалете ја температурата и продолжете со мешање додека палентата не се згусне (околу 3–4 минути).
- Исклучете го шпоретот, додајте го путерот и измешајте. Штом се растопи, додајте го сирењето и повторно измешајте.
- Поклопете го тенџерето и оставете ја палентата да одмори 5 минути. Потоа сервирајте ја со рендан пармезан по желба. На здравје!
Видеото со подготовката погледни го тука:
Дали знаеш дека…?
Жито Лукс имаат супер наградна игра во соработка со Жито Маркети.
Купи 1 кг. Жито Лукс брашно (палента, екстра бело, пица, пекарско, сенаменско, интегрално, пченарно, гриз) и можеш да добиеш:
- 7 x BOSCH мултипрактик
- 5 x TEFAL пегла
- 3 x BEKO правосмукалка
- 15 x ISKRA електрична тава.

Како да учествуваш?
- Купи најмалку 1 кг. од било кое брашно Жито Лукс.
- Земи купон на каса и пополни го.
- Стави го во означената кутија.
- Зачувај ја фискалната сметка!
Наградната игра трае од 21.06 до 21.07.2025. Играј, освои, уживај!
Може да те интересира: Посни кроасани – лиснати кифлички.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.
