Пржени јајца со пиперки и маслинки

Еве еден лесен и брз предлог за појадок или вечера за кој ви се потребни само десетина минути да го направите. Пробајте го рецептот за пржените јајца со пиперки и маслинки, па напишете ни во коментар како ви се допаднале.  

Ако ви се досадиле класичните начини на приготвување на јајца, имаме нов рецепт кој го споделуваме со вас. Традиционално го правиме во нашата кујна, па еве дојде време да го споделиме со вас.

јајца со пиперки

Состојки:

Подготовка:

  1. Пиперките исчистете ги од семките, а потоа ситно исечкајте ги.
  2. Маслинките исчистете ги од семките и исчекајте ги на четвртини. .
  3. Во нелеплива тава на оган, на умерена температура ставете малку маслиново масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги пиперките и пропржете ги кратко време за да омекнат.
  4. Штом пиперките, малку ќе омекнат во тавата додајте ги сечканите маслинки. Измешајте и пропржете уште 2 до 3 минути.
  5. На крај, во тавата додајте ги јајцата и кратко измешајте. Посолете по вкус и продолжете со пржењето уште две до три минути. Пржените јајца со пиперки и маслинки послужете ги додека се топли. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: 4 корисни употреби на лушпи од јајца.

Сподели: