ликер од аронија

Ароматичен ликер од аронија

До неодамна аронијата не беше позната на нашиве простори и скоро и да не се користеше во исхраната, но денес таа е се поприсутна. Аронијата не само што е извор на добро здравје, туку таа е многу вкусен бобинкаст плод од кој може да се направат сокови, џемови, мармалади, па дури и ликер. А дали сте пробале ликер од аронија? Ви претставуваме еден интересен рецепт за домашен, ароматичен ликер од овој дар на природата.

Аронијата има интензивна виолетова боја и изглед кој многу потсетува на боровинката. Таа потекнува од Северна Америка од сибирските земји. Изобилува со хранливи состојки кои помагаат во борбата против инфекциите, го намалува процесот на стареење на клетките, претставува одличен извор на растителни влакна и витамини кои се повеќекратно корисни за човечкиот организам.

ликер од аронија

Состојки:

  • 250 г зрна аронија
  • 180 г шеќер
  • ½ л црвено вино (мерлот или некое по ваш вкус)
  • 100 мл рум
  • цимет по вкус
  • екстракт од ванила по вкус.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за готвење ставете ги виното, шеќерот, аронијата и зачините.
  2. Варете ги на тивок оган околу 15 минути додека се стопи шеќерот.
  3. Потоа тргнете го садот од оган и откако течноста малку ќе се излади додајте го румот. Добро измешајте за да се изедначат сите состојки.
  4. Вака подготвениот ликер заедно со зрната аронија ставете го во претходно добро измиени и стерилизирани шишиња.
  5. Шишињата добро затворете ги и оставете ги да отстојат најмалку 4 недели. Од време на време благо затресувајте ги шишињата со цел да се промеша нивната содржина.
  6. Готовиот ликер од аронија послужете го добро изладен.

Ви препорачуваме да прочитате: Aронија – најздравото овошје на светот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: