Брзи мезе залчиња со пилешка салата 1

Брзи мезе залчиња со пилешка салата

Едноставните и брзи рецепти се одлика на Сѐ за храна, а и прв избор. Обожаваме да се дружиме, а посебно со домашно приготвена храна, па секогаш сме во потрага по нови кулинарски предизвици. Така се роди и идејата за овие брзи мезе залчиња со пилешка салата кои имаат супер изглед, а најважно од сѐ е што се подготвуват многу лесно и може да ги приготви секој. Ни беше чест што им се допаднаа и на уредниците на новото македонско списание Добра храна и бевме вбројани во групата на гастро мајстори објавени во првиот број!

Ви препорачуваме да ги пробате, а чест ќе ни биде доколку ни испратите фотографија и ни напишете како ви се допаднале.

Брзи мезе залчиња со пилешка салата 4

 

Состојки:

  • 150 г варено пилешко месо
  • 100 г маринирани шампињони
  • 100 г кисели краставички
  • 100 г моркови
  • 2 лажици мајонез
  • 6 лажици течност од киселите краставички
  • сол и мелен црн пипер по вкус.

За сервирање:

  • 200 грама солени бисквити или крекери
  • ½ краставица.
Брзи мезе залчиња со пилешка салата 3

Подготовка:

  1. Вареното пилешкото месо ставете го во сечко и добро иситнете го.
  2. Шампињоните и киселите краставички ситно исчекајте ги.
  3. Морковите исечете ги на кругови, а потоа ставете ги во сечко и иситнете ги на мали парчиња.
  4. Во длабока чинија ставете ги сите состојки и измешајте. По желба може сите состојки да ги вратите во сечкото и кратко да ги измешате. Така ќе добиете хомогена смеса.
  5. Со помош на мала лажичка земете од мезе салатата и ставете врз крекерите.
  6. За декорацијата, краставицата исечете ја на тенки кругови, а потоа круговите пресечете ги на половина. Мезе залчињата декорирајте со парчињата краставица. Послужете веднаш и уживајте во фантастичниот вкус со Сѐ за храна!
Брзи мезе залчиња со пилешка салата 2

Автор на рецепт: Марија Кочовска, @kocovska.marija.

Автор на фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви предлагаме да прочитате: Експресни мезе брускети со домати, босилек и маслинки.

Сподели: