Ако сакате превкусно и многу брзо мезе кое се прави баш лесно, треба да ги пробате нашите уштипци од туна и ориз. Целото наше друштво ги одобри, а среќни сме што и мажите и жените реагираа подеднакво позитивно на нивниот вкус. Рецептот доаѓа од нашата кујна, а ние задоволни од него топло ви препорачуваме да го пробате.

Состојки:
- 150 гр туна
- 150 гр ориз
- 100 гр рендано сирење
- 2 јајца
- 5 лажици брашно
- 3 чешниња лук
- китка свеж магдонос
- сол и црн пипер по вкус
- масло за пржење.
Подготовка:
- Подготовката започнува со оризот. Најпрво сварете го и исплакнете го со ладна вода, а потоа исцедете го од течноста. Тука може да погледнете совет како сварите совршен ориз.
- Во поголем сад ставете го исцедениот ориз, ситно сечканата туна и ситно сечканиот лук, ренданото сирење, јајцата и брашното.
- Додајте сол и црн пипер во количина според вашиот вкус. Ние обично додаваме убава китка магдонос, па за него ви предлагаме количината да ја прилагодите како што вие сакате.
- Смесата убаво измешајте ја со помош на лажица. Откако ќе биде добро измешана и состојките соединети, наполнете ја лажицата со неа и ставете да се пржи во загреано масло.
- Уштипците пржете ги од двете страни додека поруменат. Потоа извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Печени ќофтиња со тиквички и туна.