Бурито, тако или полнети тортиљи. Како и да ги наречеме, станува збор за многу вкусно јадење, кое овој пат го направив во брзање, а рецептот го споделувам со сите.
Обожавам тортиљи и ги правам на различни начини. Полнети со пилешко месо, мелено месо, припремени како енчилада… Превкусни се!

Состојки за фил:
- 400 – 500 г мелено месо од Агриа
- 1 мала лажичка мешан зачин
- 1 мала лажичка кромид во прав
- ¼ лажичка мелен црн пипер
- Сол по вкус.
За бурито:
- 4-8 тортиљи
- 8 лажици кисела павлака со 20% мм
- Зачин за таратур – лук во прав, копар и сол
- 8 листови чедар кашкавал
- 1 зелена салата
- 2 лажици путер.
Подготовка:
- Во тава на оган ставете го месото да се пржи. Не додавајте масло, оставете го да се динстува во сопствената течност.
- Месото зачинете го со мешан зачин, кромид во прав, сол и мелен црн пипер. Пржете го додека порумени.
- Земете една тортиља и ставете 1 лажица павлака. Поросете со зачин за таратур. Потоа додајте го месото. Кашкавалот исечете го на две ленти и ставете врз месото.
- Земете 2 – 3 листови марула им ставете ги врз кашкалот.
- Формирајте бурито. По желба, премачкајте го со путер и кратко потпечете го во тостер.
Совети плус:
- Во буритото може да додадеш зеленчуци по желба – зелка, пиперки, краставици, кромид…
- Многу внимавам на квалитетот на намирниците и секогаш ги избирам оние кои се со врвен квалитет. А кога станува збор за свежо месо, ја посетувам месарницата на Агриа во Битола. Месарници имаат во Битола, Велес и Штип, а месото може да се најде во Тинекс и Рамстор маркетите. Освен месо, во месарниците на Агриа може да пронајдеш и месни преработки од нивно производство – чадено месо, како и колбаси.

Препорака од авторот:
Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на вкусно јадење или десерт. Може да ме следиш на:
- Facebook: Marija Kocovska
- Instagram: @kocovska.marija
Ви предлагаме да прочитате: Полнети пиперки – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
