Немате многу време да подготвите појадок? – Имаме одлична идеја за брз оброк! Бурито со јајца и колбаси, се спрема за помалку од 10 минути, a mожете да го јадете дома или да го завиткате во фолија и да го земете за на работа. Брзо за правење, а вкусно за јадење!
Во продолжение ви откриваме како да го направите највкусното бурито и да го изненадите семејството со креативен појадок.

Состојки:
*За 2 лица
- 2 тортиљи
- 2 колбаси по избор од Агриа
- 4 јајца
- 1 свежа сечкана пиперка
- 1 главица ситно сечкан кромид
- 50-100 г сирење
- 2 лажици кисела павлака
- 1 домат на кришки по желба
- сол и црн пипер по вкус
- малку путер по потреба.
Подготовка:
- Во тава на оган, ставете малку путер да се стопи и лесно потпечете ги тортиљите од едната страна, па ставете ги во рамна чинија.
- Штом малку се изладат, на непотпечената страна премачкајте ја павлаката.
- Во тавата пропржете ги кромидот и пиперката (5-10 минути). Додајте ги колбасите сечкани на парчиња и пропржете ги.
- Во сад изматете ги јајцата. Додајте го сирењето и измешајте. Зачинете по вкус.
- Изматените јајца прелијте ги во тавата со кромид и колбаси, и испржете ги.
- Рамномерно распоредете врз двете тортилји, па ставете од кришките сечкан домат и завиткајте. Послужете и нека ви е на здравје!
Совети плус:
- По желба, во филот може да додадете и рендан кашкавал и да го збогатите вкусот на буритото.
- За подготовка на овој рецепт може да користите скараџиски, селски, домашни или барени колбаси, па ви предлагаме да ги посетите месарниците на Агриа и да си набавите колбаси од македонско производство по ваш вкус. А за сите новости и акции посетете ја веб страницатана Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Ви препорачуваме да прочитате: Пица со колбаси и сланина.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.