Кој не сака ќофтиња? Тие се вкусен и одличен оброк наменет за секоја пригода. Најдобро е тоа што секогаш може да експериментирате со вкусовите и да додавате различни зачини по желба. Денес направете печени ќофтиња на брз и едноставен начин и изненадете ги вашите најблиски.
Овие печени ќофтиња се одлична идеја за брз и вкусен ручек. Набавете свежо и квалитетно мелено месо и започнете со подготовката. Посетете ги месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и набавете месо со врвен квалитет. Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо, кое е идеално за подготовка на највкусните ќофтиња. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Состојки:
- 500 г свежо мелено месо од Агриа
- 400 г компири
- 150 г моркови
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 1 јајце
- 1 лажичка сув мешан зачин
- 2 лажици брашно
- 250 г неутрална павлака за готвење
- 150 гр рендан кашкавал
- сол и црн пипер по вкус
- масло за пржење.
Подготовка:
- Морковите и компирите изрендајте ги. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во подлабок сад ставете го меленото месо и дадајте ги кромидот, лукот, морковот, компирот и јајцето.
- Зачинете по вкус и убаво измешајте. Од добиената смеса формирајте ќофтиња. По потреба, додајте брашно.
- Во загреано масло, на оган, пропржете ги ќофтињата. Потоа, наредете ги во тава за печење.
- Ќофтињата прелијте ги со павлака за готвење. Садот покријте го со фолија и ставете го во загреана рерна на 200 степени. Печете околу 30 минути. Пред крајот тргнете ја фолијата и над ќофтињата ставете рендан кашкавал. Вратете го садот во рерна уште неколку минути за да се растопи кашкавалот.
- Ќофтињата декорирајте ги со магдонос и послужете ги додека се топли. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: 12 совети за подготовка на ќофтиња од мелено месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.