Брз рецепт за печен карфиол во рерна

Одлична идеја за ручек или вечера! Брз и вкусен рецепт за печен карфиол во рерна кој сигурно повторно ќе сакате да го направите. Може да го послужите како засебен оброк, во комбинација со сос или како гарнир со главното јадење.

Карфиолот често се смета за едeн од најздравите зеленчуци во светот, а има и добра причина зошто е тоа така. Тој изобилува со фитохемикалии и високо ниво на антиинфламаторни соединенија  кои се способни да спречат рак, срцеви заболувања, заболувања на мозокот, па дури и покачување на телесната тежина. Па, практикувајте да го консумирате често и пробајте го нашиот нов рецепт за печен карфиол во рерна што поскоро.

Брз рецепт за печен карфиол во рерна

Состојки:

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на 240°C.
  2. Измијте го и исечете го карфиолот на парчиња со слична големина.
  3. Ставете го карфиолот во тава обложена со хартија за печење, па прелијте го со ладно цедено масло од репка и зачинете по вкус.
  4. Ставете го да се печи околу 20 минути. На половина од печењето превртете ги парчињата карфиол од другата страна.
  5. Послужете додека е топло и на здравје!
печен карфиол во рерна

Совети плус:

  • По желба, при подготовката може да додадете и други зачини по избор.
  • Веќе напоменавме колку е корисен карфиолот за целокупното здравје и зошто треба да го консумирате често. А дали знаете зошто го избравме ладно цеденото масло од маслодајна репка и кои се неговите здравствени придобивки? – Ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти, поради неговите хранливи состојќи и нутритивни вредности. Со големата содржина на витамин Е, Омега-3, 6 и 9 тоа е одличен извор на есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, бидејќи сам не може да ги произведе. Витаминот Е ги штити нашите клетки и е одличен антиоксидант. Ова масло има поголема количина на Омега 3 отколку било кое друго масло. Омега-3 го намалува нивото на холестерол, помага при воспаленија и игра голема улога за подобрување на функцијата и развојот на мозокот. Маслото од репка содржи Омега-6 кој помага во намалување на нивото на холестерол во крвта, во одржувањето на здрава коса, нокти и кожа, како и во подобрување на имунолошкиот систем. Исто така содржи Омега-9 кој помага во развојот на мозокот кај неродените деца и има клучна улога во подобрување на имунитетот и како превенција за канцер. Ако сакате да си набавите, ладно цедено масло од маслодајна репка побарајте го во поголемите и подобро снабдени маркети или нарачајте го од онлајн продавницата на нашите пријатели Фила.
печен карфиол

За сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.

Ви предлагаме да прочитате: Здрав прелив за салати, приготвени зеленчуци и варени компири.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Фила.

 

Сподели: