Лесните и едноставните рецепти ги обожаваме! А еве еден рецепт за печен карфиол со пармезан, кој се прави за 5 минути и со неколку едноставни состојки кои сигурно ги имате во кујната.
Ретко кој може да си дозволи да поминува по 2 до 3 часа во кујната за подготовка на јадења. Сите сакаме да направиме нешто на брзинка, но тоа да биде вкусно, а и здраво. Па, друштво запишете го или испечатете го овој рецепт и додајте го во вашата листата на брзи и здрави јадења.

Состојки:
- 1 главица карфиол
- 2 до 3 чешниња лук, излупени и ситно исечкани
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон (или околу половина лимон)
- маслиново масло
- сол и свежо мелен црн пипер
- рендан пармезан по желба.
Подготовка:
- Рерната пуштете ја да се загрее на 205 степени. Тавата за печење, намрсете ја или обложете ја со хартија за печење.
- Карфиолот исечете го на цветови и ставете го длабок сад. Во садот додајте ги исчеканиот лук и сокот од лимон, и измешајте. Потоа, додајте маслиново масло и повторно добро измешајте.
- Распоредете ги цветовите од карфиол во еден ред во тавата за печење. Зачинете ги со сол и црн пипер. Штом рерната се загрее, ставете ја тавата со карфиолот да се пече.
- Печете за време од 25 до 30 минути, или додека карфиолот порумени. За да бидете сигурни дека карфиолот е печен, направете тест со виљушка. Штом малечките цветови лесно се одделуваат при сечкање со виљушката, тогаш карфиолот може да се јаде.
- По желба, карфиолот поросете го со пармезан. Печениот карфиол со пармезан послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Зачинет печен карфиол во фурна.