Љубители на пица, но и на здрави јадења! Имаме нов рецепт, кој ќе биде ваш омилен. Испробајте ги веге пица лепчињата кои се богати со зеленчуци и идеален избор за појадок или мезе.
Го набавивме новиот тост леб од кисело тесто од Жито Лукс и решивме да го пробаме во оваа комбинација. Веге лепчињата можеш да ги понесеш на работа, училиште или излет. Превкусни се!
Состојки:
- 4 парчиња тост леб од кисело тесто или друг тост леб од Жито Лукс
- 4 лажици кечап или доматен сос
- Оригано
- 1 поголем домат
- 1 зелена пиперка
- 12 маслинки
- 150 г рендан кашкавал.
Подготовка:
- Доматот и пиперката исечкајте ги на коцки.
- Од маслинките извадете ги семките и исечкајте ги на четвртини.
- Парчињата леб ставете ги во тава. Премачкајте ги со кечап и наросете ги со оригано. Врз лепчињата ставете ги сечканите зеленчуци.
- На крај додајте го кашкавалот.
- Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 250 степени. Печете ги 5-7 минути, додека кашкавалот порумени. Послужете ги додека се топли. На здравје!
Совети плус:
- По желба може да ставите сечкана тиквичка на кругови, маринирани шампињони или листови од кромид.
- Дали знаеш дека Жито Лукс имаат нов тост леб направен од кисело тесто? Пченично-пченкарниот тост леб со кисело тесто со својот ароматичен вкус, природната жолтеникава боја и воздушеста структура, додава вредност на секој оброк и нуди несекојдневно искуство. Побарај го во продавниците, дегустирај го и пиши ни како ти се допадна лебот и овој рецепт.
Може да те интересира: 4 најважни придобивки од ‘ржаниот леб – дава ситост, го подобрува варењето на храната…
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.