влашка пита

Влашка пита со сирење

Денес ви предлагаме да направите одличен специјалитет од влашката кујна. За сите љубители на печива ви го откриваме рецептот за едноставната влашка пита кој го најдовме на блогот biljanoteka. Кој ја пробал знае колку е вкусна, а оние што не ја пробале еве прилика да ја направат.

Влашка пита која е одлична за појадок, предјадење, па дури и како главно јадење. Можете да бидете креативни и да ја направите со фил по желба. Во секој случај питата ќе биде превкусна. Подготвувајте и испробувајте нови комбинации и пишете ни во групата на Сѐ за храна која е вашата омилена.

влашка пита

Состојки:

  • 800 г брашно
  • 1 квасец
  • 350 мл млеко
  • 1 и 1/2 лажичка шеќер
  • 1 лажица сол
  • 70 мл масло
  • 2 јајца
  • 100 г путер за премачкување на корите

За фил:

  • рендано сирење

За наросување:

  • сусам.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги квасецот, шеќерот, малку брашно, млака вода и оставете го квасецот да нарасне.
  2. Во друг сад ставете го брашното, маслото и млекото. Додајте 1 јајце и една белка и сол. Жолчката искористете ја за премачкување на тестото. Откако квасецот ќе нарасне додајте го во брашното и замесете тесто.
  3. Тестото поделете го на 3 топчиња. Секое топче расукајте го во кора. Премачкајте ја со путер и преклопете ја.
  4. Потоа, секоја преклопена кора расукајте ја уште еднаш и ставете од филот. Над неа ставете друга расукана кора и филовајте ја. На крај ставете ја и третата расукана кора.
  5. Вака филованите кори исечете ги на 6 ленти. Тавата за печење премачкајте ја со малку масло. Лентите од тесто превиткајте ги како спирали и редете ги во тавата. Оставете го тестото 20 тина минути да надојде.
  6. Потоа, премачкајте ги спиралите од тесто со јајце и наросете сусам.
  7. Ставете да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
  8. Испечената пита послужете ја додека е топла во комбинација со чаша јогурт. На здравје!

Автор на рецепт: BILJANOTEKA.

Ви препорачуваме да прочитате: Солена лисната пита со фил.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: