Колку убаво изгледа овој леб! Нашата драга Невена, инспирирана од италијанската кујна ни приготви мек, ароматичен и сочен леб со песто сос и пармезан. Песто сосот ни е еден од омилените кој досега сме го ставале во тестенини, а сега можеме да го искористиме на друг начин.
Ако не сте пробале или пак не сте запознаени со песто сосот, ќе ви кажеме неколку информации. Овој сос е карактеристичен за италијанската кујна и се приготвува од свеж босилек, маслиново масло и лук. Може да се набави од поголемите маркети, а исто така може да го направите и дома. Повелете рецепт за песто сос.

Состојки:
- 500 гр брашно
- 125 мл топла вода
- 125 мл топло млеко
- 20 гр квасец
- 3 лажици масло
- 3 полни лажици песто сос
- 2 лажици пармезан
- 1 мала лажичка шеќер
- ½ мала лажичка сол.
Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги брашното, квасецот, пармезанот, шеќерот и солта. Измешајте ги состојките со лажица. Потоа додајте ги маслото, песто сосот, водата и млекото. Замесете меко, нелепливо тесто.
- Тестото оставете го на топло место за да нарасне двојно.
- Потоа размесете го и ставете го во намрсен правоаголен калап.
- Оставете го да нарасне уште 40 минути.
- Вака приготвениот леб ставете го да се пече во загреана рерна на 180 до 200 степени за време од 45 минути.
- Печениот топол леб со песто сос извадете го и оставете го кратко време да се излади.
- Послужете го топол со крем или јако сирење и домати, одлична комбинација!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Домашен интегрален леб.