Дамите обожаваат коктели, па и со право може да кажеме дека се омилените женски пијалаци. Ликер од кокос, чоколадо, вишни… секогаш се добредојдени при средба со најдобрите пријателки. А овој пат пробајте го новиот рецепт за домашен ликер со карамели, кој потсетува на популарниот пијалак Бејлис.
Млечен вкус со лешници и убава арома на рум, звучи примамливо нели? Не чекајте време, направете го и поканете ги пријателите на дегустација.

Состојки:
- 400 грама карамели
- 400 мл бел рум (во замена може да користите ракија или вотка)
- 200 мл вода
- 200 грама шеќер
- 100 мл слатка павлака.
Подготовка:
- Карамелите пресечете ги на половина. Ставете ги во шише и додајте го румот или ракијата. Оставете ги карамелите во теглата за време од два до три денови, додека се растопат.
- Шишето промешајте го најмалку еднаш во текот на денот, за да се растопат карамелите што е можно поскоро.
- Водата и шеќерот ставете ги на оган да се варат. Сирупот оставете го да се излади.
- Во шишето со карамелите додајте ја слатката павлака и измешајте. Потоа постепено додавајте од шеќерниот сируп.
- Готовиот ликер со карамели чувајте го во фрижидер. Послужете го со коцки мраз по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Чоколаден ликер со рум.