Постојат голем број на рецепти со кои може да направите домашен пластелин за децата. Па, време да започнеме со споделување на забавни креации за најмалите.
Но, овој пластелин има и една предност. Се прави со етерични масла, многу убаво мириса и на некој начин е здрав како резултат на тоа. Покрај тоа е прилично економичен и е поевтин во споредба со купечкиот.

Состојки:
- 1 чаша брашно
- ½ чаша сол
- 2 лажици киселина
- 1 чаша вода
- 1 ½ масло за готвење
- прехранбена боја
- 6 до 8 капки етерично масло по желба.
Подготовка:
- Во тенџере ставете ги солта, брашното и киселината. Измешајте ги и додајте ја водата, бојата и маслото.
- Продолжете со мешање додека добиете хомогена смеса.
- Приклучете го шпоретот на ниска температура и мешајте со дрвена лажица додека пластелинот се претвори во топка.
- Штом добиете конзистенција на пластелин, тенџерето тргнете го од огнот, оставете го да се излади 3 до 4 минути, а потоа додајте етерични масла.
Кои етерични масла може да ги користите?
- Лимета – за енергија
- Лимон – за концентрација и бистрина
- Лаванда – за смирување и подобар сон
- Портокал – за енергија
- Грејпфрут – за подобрување на расположението и релаксација
- Пеперминт – за закрепнување.
Со тек на времето ќе забележите која арома му е омилена на вашето дете и со кој пластелин најчесто сака да си игра.
Ви предлагаме да прочитате: Направете за сет за куглање од пластични шишиња.