Неодоливо е, ќе видите штом го пробате првиот залак. Уште поодамна имавме можност да го дегустираме ова вкусно „чудо од тесто“ и иако обично сите се трудиме да го избегнеме лебот и белите печива, меката и топла италијанска фокача е нешто што повремено го заслужуваме сите!
Пробајте, убаво е да ја јадете како што е подготвена или да ја комбинирате со друга храна. Гарантирано ќе го израдувате стомакот и сите сетила.

Состојки:
- 1 кг брашно
- 25 грама свеж квасец
- 2 лажички сол
- 200 мл млеко
- 200 мл јогурт
- 200 мл вода
- 200 мл масло.
За посипување:
- рузмарин по потреба
- крупна морска сол
- маслиново масло.
Подготовка:
- Квасецот разматете го во половина шолја топла вода со малку шеќер и брашно, па оставете го на топло за да нарасне.
- Измешајте ги сите состојки, па додајте го претходно припремениот квасец. Замесете меко тесто кое малку се лепи за рацете.
- Тестото ставете го во пластична ќеса или покријте го со најлонска фолија и чувајте го во фрижидер додека го употребите. Може да трае и до 1 недела.
- За да припремите една фокача, одделете 1/3 од тестото. Остатокот може да го подготвите тогаш или подоцна кога што сакате, а добро е да знаете дека тестово е одлично и за други печива.
- Тестото растенчете го со намрсени раце во маслиновото масло, па префрлете го во претходно намрсен плех.
- Поросете со морска сол и ризмарин, па прелијте со малку масло одозгора и печете во загреана рерна на 200 степени, за време од 30 минути, додека убаво зарумени. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Медитеранска интегрална фокача со рузмарин.