Домашен сладолед од кајсии

Сигурно ќе сакате да го пробате овој сладок кремаст десерт! Освежување и засладување, идеално за летниот период! Топ комбинација од кајсии и слатка павлака, за кремаст, млечен и овошен вкус. А, за да го направите домашниот сладолед од кајсии следете го овој испробан рецепт.

Обожаваме сладоледи со слатка павлака, затоа што имаат кремаст вкус и многу брзо се прават. А штом имаат додаток на овошје, се многу освежителни и убаво изгледаат. Направете го овој сладолед од кајсии и поканете ги пријателите на дружење и дегустација. А за да биде задоволството уште поголемо, може да направите и домашни корнети за сладолед.

сладолед од кајсии

Состојки:

  • 1 кг кајсии
  • 2 чаши слатка павлака
  • 1 чаша вода
  • 1 ¼ чаша шеќер
  • 1 лажичка сок од лимон.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги кајсиите, а потоа отстранете ги семките.
  2. Исчистените кајсии ставете ги во голем сад на оган. Налејте вода за да се покријат кајсиите. Варете ги за време од 8 до10 минути, додека кајсиите омекнат.
  3. Потоа, во тенџерето со кајсии додајте го шеќерот. Измешајте ја смесата и оставете околу два часа да стои во фрижидер за да се излади.
  4. Изладената смеса ставете ја во блендер. Миксирајте додека добиете хомогена смеса. Потоа додајте ги слатката павлака и сокот од лимон, па повторно изблендирајте.
  5. Смесата ставете ја во сад за замрзнување. Готовиот сладолед од кајсии ставете го во замрзнувач за време од 2 до 3 часа, односно додека се замрзне.
  6. Вака припремениот сладолед може да се јаде и по неколку денови, доколку стои во замрзнувачот. Но, најдобар вкус има кога е пресно подготовен. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед со праски и слатка павлака.

Сподели: