Топлите денови започнаа! Убавите моменти кои ги носат пролетта и летото, седенките во дворот, матурските забави, свадбите и дружењата со пријателите би биле уште подобри со домашен чоколаден ликер.
Досега овој ликер сме го правеле со Синтагма какао крем за торти (чоколадо за готвење), а може да добиете супер вкус доколку го направите и со Синтагма млечно чоколадо со крем лешник. За уште подобра арома на чоколадниот ликер додадовме ванилин шеќер.

Состојки:
- 500 мл трајно млеко
- 300 грама шеќер во прав од Витаминка
- 200 грама Синтагма какао крем за торти (може да изберете Синтагма крем лешник)
- 3 кесички ванилин шеќер од Витаминка
- 100 – 150 мл рум или ракија по избор.
Подготовка:
- Млекото, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, ставете ги во тенџере на оган, на умерена температура. Во текот на варењето со помош на лажица отстранете ја пената.
- Штом млекото престане да се пени, во тенџерето додајте го чоколадото искршено на коцки, а потоа тргнете го од огнот.
- Мешајте со лажица додека чоколадото се растопи. Ликерот оставете го да се излади.
- Во изладената течност додајте го румот (или ракијата) и измешајте.
- Ликерот процедете го низ цедилка и ставете го стаклено шише. Готовиот чоколаден ликер чувајте го во фрижидер, а може да го послужите со неколку коцки мраз. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Совет плус: За чување на ликерот користете поголемо шише. При тоа треба да оставите простор, за да може ликерот подобро да се измеша пред служење.
Ви предлагаме да прочитате: Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила.