Полесен и поедноставен рецепт за подготовка на зачинети печени компири, не веруваме дека ќе најдете. Обожаваме едноставни и брзи рецепти, па секогаш штом некој ќе ни каже супер рецепт го споделуваме со сите.
И овој пат, од кујната на Невена ни доаѓа уште еден испробан рецепт за зачинети печени компири. Приготвени со рузмарин и путер, за супер вкусна арома.

Состојки:
- 1 кг компири
- 1 лажиче рузмарин
- мешан зачин, сол и црн пипер по вкус
- 3 – 5 мали коцки путер.
Подготовка:
- Излупете ги компирите и исечете ги на крупни коцки.
- Компирите ставете ги во тава претходно обложена со хартија за печење.
- Потоа додајте ги рузмаринот, мешаниот зачин, солта, црната пипер и измешајте ги.
- Врз зачинетите компири ставете неколку мали коцки путер.
- Вака приготвените компири ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. Печете за време од 45 минути, додека компирите омекнат.
- Топлите печени компири послужете ги како прилог со вашето омилено месо. По желба во текот на печењето можете да додадете сланина, како во мојов случај. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Печени компири со лук и рузмарин.