Имаме супер предлог за викенд ручек! Вкусовите на италијанската храна сервирани во чиниите на твојот дом. Споделуваме едноставен рецепт за канелони со мелено месо.
Ако досега се немаш охрабрено да ги направиш, а имаш желба да дегустираш нови рецепти, ти си на правото место. Овој рецепт е толку лесен за подготовка, што и понеискусните во кујната може да го направат. Благодарение на Агриа, колекцијата на рецепти е збогатена.

Состојки:
- 2 лажици масло
- ½ главица кромид
- 1 чешне лук или 1 лажичка лук во прав
- 400 г мелено месо од Агриа
- 2 лажици доматно пире
- 1,5 лажичка сол
- 1 лажичка мелен црн пипер
- ½ мала лажичка оригано
- 250 г канелони
- 400 г доматен сос (салса, пасата…)
- 100- 150 г рендан кашкавал.
Подготовка:
- Пуштете ја рерната да се загрева на 200 степени.
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во поголема тава на оган ставете го маслото да се загрее. Додајте го сечканиот кромид и пропржете го 4-5 минути додека добие кафеава боја. Додајте го лукот и пропржете уште 1 минута. Потоа ставете го месото, зачинете со сол, мелен црн пипер и оригано. Пропржете го 6-8 минути.
- Во тавата додајте го доматното пире и 100 мл вода. Продолжете со динстање на филот околу 5 минути, додека водата испари.
- Во тава ставете 200 мл доматен сос.
- Филот ставете го во готварски шприц со поголем отвор и наполнете ги канелоните. Ставете ⅔ фил од должината на канелоните.
- Врз канелоните ставете го преостанатиот доматен сос и прелијте ги со 100 мл вода. Тавата покријте ја со алуминиумска фолија.
Печете ги за време од 30 минути. - Тавата извадете ја од рерна, отстранете ја фолијата и ставете рендан кашкавал. Тавата вратете ја во рерната и продолжете со печење уште 15 минути, додека кашкавалот се растопи. Послужете ги канелоните додека се топли. На здравје!
Препорака плус:
Посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип или Велес и набави македонско, домашно свинско месо со врвен квалитет. Ако немаш месарница во твојот град, побарај го месото во Тинекс и Рамстор маркетите. Купувај домашно, проверено и поддржи ја македонската економија! Заследи ја Агриа на Facebook и Instagram, и следи ги новостите како и можностите за вработување во нивната компанија.

Може да те интересира: Сочна лазања со болоњезе и бешамел сос.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
