Повеќето од нас обожаваат сочно пилешко месо, но често пати во текот на неделата немаме доволно време за подготовка и печење. Па затоа сме во потрага по едноставни и лесни рецепти, кои не одземаат многу време за припрема.
Сега имаме одличен предлог за вас! За кратко време ќе може да уживате во вкусот на крцкаво и сочно пилешко месо, со прекрасна арома на лук, лимон и чили. Вреди да се проба.

Состојки:
- 3 парчиња пилешки стек
- 1 лимони
- 2 до 4 чесни лук
- маслиново масло
- куркума
- чили во прав
- оригано
- сечкан магдонос.
Подготовка:
- Чесните лук исчистете ги, а потоа исечкајте ги.
- Лимонот добро измијте го, а кората изрендајте ја. Потоа, лимонот исцедете го.
- Стекот исечкајте го на коцки или ленти.
- Во тава на оган ставете го маслиновото масло да се загрее.
- Во загреаното масло ставете го пилешкото месо да се пржи. Штом месото ќе зарумени од долната страна, зачинете го со куркума и чили. По две минути, месото превртете го и оставете го да се пржи и од другата страна.
- Потоа, намалете ја температурата и додајте ги лукот, ориганото и кората од лимон. Пржете кратко време, но внимавајте лукот да не загори. На крај, во тавата додајте го сокот од лимон и измешајте.
- Прженото сочно пилешко месо сервирајте го во чинија и наросете сечкан магдонос. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Пилешко со кикирики и прилог од ориз.