За ручек или вечера, ви предлагаме да направите едноставна и многу вкусна чорба од леќа. Леќата припаѓа во групата на зрнести мешунксти зеленчуци, заедно со гравот, грашокот и боранијата. Се претпоставува дека леќата е првата намирница која човекот започнал да ја одгледува уште од камено доба.
Гледано од нутритивен аспект, леќата не содржи заситени масти и холестерол, а е одличен извор на растителни влакна. Консумацијата на храна богата со растителни влакна помага во намалување на нивото на шеќер и холестерол во крвта, и забрзување на метаболизмот на варење на храната.
Затоа пробајте ја оваа чорба од леќа која не се припрема со запршка и не содржи глутен. А ако сакате да ја направите во посна и вегетаријанска верзија, не ставајте чајна.

Состојки:
- 200 грама леќа
- 1,5 литри вода
- 150 грама чајна
- 2 лажици масло
- 1 стебленце млад лук
- сол и црн пипер
- 1 мала лажичка црвена пипер
- 2 лаворови листови.
Подготовка:
- Леќата добро измијте ја и ставете ја во тенџере со вода се вари на силна температура. Штом леќата ќе зоврие, температурата намалете ја. Варете за време од 30 минути со повремено мешање.
- Лукот исечкајте го ситно. Чајната исечкајте ја на кругови, а потоа круговите исечкајте ги на четвртини.
- Во тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во загрееното масло ставете го лукот да се пропржи. Пржете 1 до 2 минути, а потоа додајте ја чајната. Пржете уште две минути.
- Штом леќата ќе се свари, во тенџерето додајте ги лукот, чајната и маслото од тавата. Посолете по вкус и наросете со црн пипер. Леќата измешајте ја и додајте ја црвената пипер и лаворовите листови. Варете уште 2 до 3 минути.
- Готовата чорба од леќа послужете ја додека е топла. На здравје!