чоколадна овесна каша мала

Здрава чоколадна овесна каша – од кујната на Марија Кочовска

Ако сакаш слатко и здраво да го започниш денот, испробај го овој рецепт за чоколадна овесна каша. Се прави за 10-тина минути, има фантастичен вкус, а најдобро од сѐ е тоа што е богата со хранливи состојки, раститителни влакна, минерали и витамини. 

Добив повеќе пораки како го користам инулинот, па повторно споделувам уште еден рецепт. Чоколадната каша се прави со неколку состојки – овесни снегулки, какао, мед, цимет како и растително млеко. Рецептот не содржи шеќер, глутен, млеко и лактоза. 

cokoladna ovesna kasa

Состојки:

  • 1 чаша овес
  • 1 чаша растителни млеко
  • 1 чаша вода
  • 2 лажици чоколадно какао
  • 1-2 лажици мед (сируп од урми или друг засладувач)
  • ½ мала лажичка екстракт од ванила
  • ½ мала лажичка цимет
  • 1 лажица инулин од NOW.

Подготовка:

  1. Во тенџере ставете сите состојки освен инулинот. 
  2. Тенџерето ставете го на оган и варете на умерена температура, со постојано мешање, додека кашата се згусти. 
  3. По 6-8 минути, кашата тргнете ја од огнот и додајте го инулинот. Измешајте и сервирајте ја кашата во чинии. Додајте сечкана банана, кокос, темно чоколадо, овошје по желба. На здравје! 
здрава чоколадна овесна каша

Потсетување – што е инулин и зошто се додава?

Инулинот е раствориливо пребиотичко влакно кое се добива од сина агава. Како што се движи низ дигестивниот систем, инулинот ги храни добрите бактерии во цревата и го чисти телото од штетни честички, го апсорбира холестеролот и прави да се чувствуваме сити. 

Инулинот го набавувам од онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава, а исто така е достапен во сите поголеми аптеки. Сега е со 30% попуст, не пропуштај ја приликата да го набавиш.

рецепт за здрава чоколадна овесна каша

Може да се користи во подготовка на различни рецепти, па ти препорачувам некои од нив:

За повеќе рецепти и идеи посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:

*Рецептот е овозможен од vitamini.mk

Сподели: