Зелено смути со грозје и јаболко

Зелено смути со грозје и јаболко

Започнете го денот со зелено смути, богато со антиоксиданси и витамини! Сезоната на јаболка и грозје е во полн ек, па да ги искористиме овие дарови од природата. Ако досега не сте пробале смути со грозје и јаболко, ова е прав момент за ново доживување.

Она што е предност кај ова смути е тоа што може да си замрзнете грозје и да го правите преку целата година. Јаболката и спанаќот ни се достапни преку целата година, па така овој здрав, зелен микс е вистински избор за деновите кога имате малку енергија, а немате многу слободно време.

смути со грозје

Состојки:

  • 1 зелено јаболко
  • 1 чаша замрзнато бело грозје
  • 1 чаша свежи листови спанаќ
  • ½ чаша кисело млеко или јогурт
  • 1 чаша сок од јаболко
  • 2 лажици сок од лимон по желба.

Подготовка:

  1. Јаболкото измијте го и излупете го. Потоа исечете го на коцки.
  2. Листовите спанаќ измијте ги.
  3. Во блендер ставете ги сокот од јаболко, киселото млеко, спанаќот, грозјето и јаболкото. Миксирајте ги додека добиете хомогена смеса.
  4. На крај додајте сок од лимон по желба, доколку сакате смутито да има освежителен киселкаст вкус.
  5. Готовото смути со грозје и јаболко послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посно смути со јаболко и банана.

Сподели: