Ако се одлучите да го пробате овој рецепт за италијански ќофтиња, ќе направите да се почувствувате како да сте во ресторан во срцето на Тоскана… Вкусно патување со сетилата и мислите никогаш не штети!
За да ја надополните комбинацијата треба да сварите и тестенини, а ние препорачуваме да изберете шпагети. За да биде сето тоа комплетно зачинете со доматен сос и препуштете се на уживањето! Тестетенините подгответе ги како и обично, а рецептот за ќофтињата е следниот.

Состојки:
За сос:
- 5-6 средно големи домати
- малку маслиново масло
- неколку листови свеж босилек.
За ќофтиња:
- 450 гр мелено телешко месо
- 1 јајце
- 1/4 чаша млеко
- 1/2 чаша лебни трошки
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажица оригано
- 1 лажица свеж магдонос
- 1/2 лажиче лук во прав (или ситно сечкан лук)
- 1/2 лажичка ситна црвена пипер
- 1/4 чаша рендан пармезан.
Подготовка:
- Прво подгответе го доматниот сос. Доматите ставете ги во зовриена вода и оставете ги да стојат така околу 2-3 минути, а потоа излупете ги и исечете ги на мали коцки. Потоа во тава на оган загрејте малку маслиново масло и додајте ги доматите. По желба додајте малку босилек и посолете по вкус.
- Во поголем сад ставете ги сите состојки и со помош на рацете соединете ги добро. „Месете“ додека се формира изедначена смеса.
- Кога состојките се добро соединети, од смесата обликувајте ќофтиња со големина на топчиња за голф.
- Ќофтињата ставете ги во претходно припремениот доматен сос и оставете ги да крчкаат на тивка температура додека доматите се претворат во кремаст сос.
- Исцедените тестенини сервирајте ги во чинија, а потоа врз нив ставете од готовите ќофтиња и сосот. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со доматен сос и колбаси.