Кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ 1

Кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ

Печурките се едни од нашите омилени намирници, па често ги користиме за подготовка на убави јадења за неизмерно уживање со семејството и пријателите! Овој пат избравме да ги пробаме новите свежи кафеави печурки на Бонум, а за тоа имаме повеќе причини! Пред сѐ, кафеавите шампињони се поцврсти од белите и имаат убава форма која се задржува и во конечниот изглед ако ги подготвите во некој убав специјалитет.  Нивните карактеристики ги прават да се потрајни во споредба со белите, па решивме што почесто да ги користиме во исхраната. Откако ги дознавме овие нешта, се роди идејата за овој вкусен рецепт, кој совршено може да се вклопи на велигденската трпеза. Пробајте ги нашите кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ!

Рецептот е брз и лесен, па секој ќе може да го приготви во својот дом. Вака приготвените печурки може да ги послужите како мезе, предјадење или главен оброк во комбинација со свежа салата. На вас останува да си набавите кафеави печурки од Бонум и да го испробате овој наш рецепт.

Може да ве интересира: Што треба да знаете при изборот, чувањето и подготовката на печурките?

Состојки:

  • 15-тина (500 грама) поголеми кафеави печурки од Бонум
  • 1 чаша спанаќ
  • 1 чаша изварка
  • 50 – 100 грама кашкавал
  • сол и црн пипер по вкус
  • рендан пармезан по вкус
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Печурките ги миеме и им ги отстрануваме дршките.
  2. Дршките од печурките ситно ги сечкаме.
  3. Спанаќот го миеме и го сечкаме.
  4. Кашкавалот го сечеме на малку коцки или го рендаме на крупната страна од рендето.
  5. Во длабок сад ги ставаме ситно сечканите дршки од печурки, спанаќот, изварката и кашкавалот. Ги мешаме состојките со лажица додека се соединат.
  6. Вака приготвената смеса ја зачинуваме со сол и мелен црн пипер по вкус.
  7. Печурките ги редиме во тава обложена со хартија за печење.
  8. Потоа, со помош на мала лажица ги полниме со приготвениот фил со спанаќ и изварка.
  9. На крај ги попрскуваме со малку масло и ги ставаме да се печат во загреана рерна на 220 степени за време од 10-15 минути.
  10. Печените полнети печурки ги служиме додека се топли. Превкусни се, на здравје!

Информација плус: Свежите кафеавите печурки од Бонум може да ги најдете во поголемите маркети низ Македонија.

Ви предлагаме да прочитате: 5 здравствени придобивки од печурките за кои не сте знаеле.

Сподели: